Трамп за нападот врз Иран: Го браниме американскиот народ

Трамп
EPA/LAURENT GILLIERON

Трамп тврди дека нападите врз Иран имаат за цел „да го одбранат американскиот народ“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека заедничките напади на САД и Израел врз Иран имаат за цел „да ги елиминираат непосредните закани од иранскиот режим“.

„Пред кратко време, американската војска започна голема борбена операција во Иран. Нашата цел е да го одбраниме американскиот народ со елиминирање на заканите од иранскиот режим“, рече тој.

Според досегашните информации, официјално сè уште не е јасно што точно било примарната цел на ударот. Израелската страна соопшти само дека нападот бил изведен „за отстранување закани“, без дополнителни детали, додека иранските медиуми и странските агенции јавија за удари во централни делови на Техеран. Дел од најновите извештаи наведуваат дека една од погодените зони била во близина на канцелариите на врховниот лидер Али Хамнеи, а катарската телевизија Ал Џезира, повикувајќи се на иранската агенција Фарс, пренесе дека проектили погодиле делови околу Универзитетската улица и областа Џомхури. Во моментот на објавување, нема потврден официјален биланс за жртви или повредени.

Утрово, 28 февруари, Израел изврши превентивен напад врз иранската престолнина, а министерот за одбрана Израел Кац прогласи вонредна состојба поради очекуван можен одговор со ракети и дронови, додека во центарот на Техеран беа пријавени експлозии и чад.

Според досегашните информации, официјално сè уште не е јасно што точно било примарната цел на ударот. Израелската страна соопшти само дека нападот бил изведен „за отстранување закани“, без дополнителни детали, додека иранските медиуми и странските агенции јавија за удари во централни делови на Техеран. Дел од најновите извештаи наведуваат дека една од погодените зони била во близина на канцелариите на врховниот лидер Али Хамнеи, а катарската телевизија Ал Џезира, повикувајќи се на иранската агенција Фарс, пренесе дека проектили погодиле делови околу Универзитетската улица и областа Џомхури. Во моментот на објавување, нема потврден официјален биланс за жртви или повредени.

Нападот доаѓа во момент кога дипломатијата околу иранската нуклеарна програма веќе беше на стаклени нозе. Вашингтон и Техеран во февруари ги обновија разговорите, но без договор, додека Израел инсистираше евентуалниот аранжман да не се сведе само на ограничување на збогатувањето ураниум, туку да значи и демонтажа на иранската нуклеарна инфраструктура и ограничувања на ракетната програма. Само еден ден пред ударот, Ројтерс објави и дека Меѓународната агенција за атомска енергија побарала итни инспекции и укажала на чувствителноста на комплексот во Исфахан.

Зачлени се на нашиот е-билтен