Тренчевска: Имаме инструменти за конзистентно справување со сите облици на дискриминација

Рацин.мк ви го пренесува интегралното обраќање на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на конференцијата „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Пишува: Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика

Дискриминацијата, дискриминаторски третман и непочитување на луѓето претставува  кршење на човековите права и напад врз општеството во целина, токму затоа борбата против дискриминацијата е заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија како и на Министерството за труд и социјална политика.

Наша заедничка одговорност е да  создадеме условите за остварување на квалитетното живеење. Во оваа насока спроведувањето на Закон за спречување и заштита од дискриминација претставува инструмент за козистентно справување со сите облици на дискриминација по било која основа и силна, независна Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како еден од механизмите воспоставени со овој закон во согласност со меѓународните стандарди.

Неинформираноста и неприфаќањето на различноста е една од клучните причини за постоењето на дискриминацијата. Тоа е прашањето на кое треба и мора заеднички да се фокусираме во иднина и да креираме и имплементираме мерки со единствена цел да обезбедиме недискриминација и развој на свеста кај луѓето.

Би сакала да истакнам, дека имаме јасна државна Стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 со Акциски план  2022-2024  на кои  Министерството за труд и социјална политика работи посветено на нивно остварување преку континуирано обезбедување на потребни знаења и вештини и градење на капацитетите на вработените во институциите за нивно  спроведување .

Имено во Ресурсниот центар за креирање на родово одговорни политики и буџети кој го воспоставивме минатата година  спроведени се 10 обуки за дискриминација и обучени 165 лица од јавната администрација на централно ниво, општински претставници како и ромски медијатори. 

Подготвени се два електронски модули за обука за еднаквост и недискриминација истите  се поставени на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација во системот за обука на администрацијата.

Дополнително воспоставувањето на Националното координативно тело за еднаквост и недискриминација претставува практична алатка која има широки надлежности во однос на следењето на состојбата, давањето на конкретни предлози за подобрување на системот во државата, што впрочем во изминатиот период резултираше со изработка на неколку анализи како и предлози за измени и дополнување на конкретни законски решенија.

Во овој контекст се работи на  Закон за спречување и заштита од вознемирување на работно место со  тенденција е да се даде и силен превентивен аспект но и да се усогласи со меѓународните стандарди особено со Конвенцијата 190 МОТ која се однесува на справувањње со насилство и вознемирување на работа со што ќе придонесе кон проширување на  опсегот на важечките антидискриминаторски одредби во оваа област.  

Дополнително, во овој период се подготвува и нов Закон за родова еднаквост кој ќе овозможи зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и поефикасно и ефективно меинстримирање на родовата еднаквост во сите сфери на општественото живеење чии ефект очекуваме да биде во справувањето со стереотипите и предрасудите кои сеуште егзистираат во нашето општество.

Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи да се бори против социјалната исклученост и дискриминација, и ќе ја промовира социјалната правда и заштита, равноправноста меѓу жените и мажите  и солидарноста меѓу генерациите и заштитата на правата на сите граѓани на Република Македонија.

Верувам дека овој настан (Конференцијата „Дали Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата“, н.з.) ќе значи подигање на свеста за значењето на концептот на недискриминација, вклучително и спречување на дискриминација на маргинализираните групи во сите области на општественото живеење, а препораките кои ги добиваме ќе бидат  дополнителен мотив на кои ќе работиме.  

Зачлени се на нашиот е-билтен