Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Како Министерство сме посветени кон грижата за стари лица – и во делот на градење домови и во делот на услугите

„Како Министерство за труд и социјална политика посветени сме кон грижата за стари лица, во делот и на капиталните инвестиции, односно градење на старски, општински домови така и во делот на услугите“ рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Утрински печат“.

Таа додаде дека изградбата на домовите за стари лица е во надлежност на општините.

„Она што е во надлежност на МТСП е врз основа на проекти изготвени од општината кои се поднесени до МТСП усогласени со комисијата за капитални инвестиции, се инвестира од страна на МТСП. Ние само ги градиме, даваме финансиски средства за домовите, вработувањата преку блок дотации исто така се трансферираат од МТСП кон домовите за стари лица. Се друго, управување и одржување се во надлежност на општините“ рече Тренчевска.

Таа додаде дека во моментов има пет домови, а еден се гради во Пробиштип и се очекува да биде отворен во наредната година во Пробиштип.

„Се повеќе се отвораат приватни домови за стари лица, тоа е добро затоа што се покрива цела територија на државата иако поголемиот дел се сконцентрирани во Скопје. Имаме домови во Битола, преубав приватен дом за стари лица. Имаме во Струмица, 3 домови, во Радовиш, Неготино“ рече Тренчевска.

Извор ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен