Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Недела неработен ден е добра политика за работниците, задоволството кај нив е огромно

„Недела неработен ден е добра политика за работниците, за да можеме да се посветиме на семејствата и да можеме во недела да се дружиме со пријатели и да одмараме“ рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека таму каде што процесот не дозволува прекин на работата, се работи во недела, но ако недела е неработен ден за сите, тогаш тие шт оработат треба да земаат поголема дневница која е 50 отсто поголема во производство и 100 отсто поголема во трговијата.

„Треба да се работи уште на менталитот, дека правата од работен однос секој работодавач треба да ги почитува. Во најголем дел се почитуваат, но има и такви што не ги почитуваат“ рече Тренчевска.

Заменик-министерата кажа дека МТСП направило анализа и големо е задоволството на работниците од мерката недела неработен ден.

„Кога креирате политики мора да внимавате на стабилноста на пензискиот фонд. Пензискиот фонд, ВМРО-ДПМНЕ го остави со дефицит од 47%, тој дефицит сега е 31% ради добрите политики“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека не смее да се дозволи заради оптеретување на фондот да не може да се исплатат пензии и треба да се внимава на сигурноста на секој пензионер.

„Имавме манипулации со пензионерите дека ќе им дадат на сите по 5000 денари, па потоа ретерираа и сите што излегуваа низ меидумите од опозицијата рекоа пу пу не важи, ќе дадеме по 500 денари“ рече Тренчевска.

Заменик-министерката објасни дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги уплаќала придонесите во Пензискиот фонд од проектите „Македонија вработува“, со што се намалувале приходите на фондот и се создавал дефицит.

„Секоја една субвенција која оди од 2017 година до денес се уплаќа од страна на Владата во фондот, за да не се создаде тој дефицит“, рече Тренчевска.

„Според податоци од Светска банка процентот на сиромаштија во 2009 година беше 40%. Во 2019, со реформата, која иако е критикувана од опозицијата дава резултати, тој процент се симна на 19%. Проекциите доколку не се соочевме со пандемијата во 2020 година беа дека ќе продолжи да се намалува. Очекувавме во 2020 година да дојде до 16% степенот на таа умерена сиромаштија“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека од 2021 година наваму ниту Светска банка, ниту Државниот завод за статистика немаат податоци за процентот на сиромаштија, но неколкуте достапни анализи и сценарија покажуваат дека таа се движи од 21 до 24%.

„Во две-три години кога светот се соочуваше со ковид кризата, каде на голем дел од граѓаните им беа намалени платите, дел изгубија работа, каде имате економска, енергетска криза и војна, се влијае на сиромаштијата. Но процентот на сиромаштија не отиде нагоре, токму заради системот на социјална заштита и деветте пакети антикризни мерки“, рече Тренчевска.

Заменик-министерката додаде дека Министерството работи системски и ги таргетира и помага на најранливите категории на граѓани.

Зачлени се на нашиот е-билтен