Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, од собраниската говорница, во рамките на седницата за пратенички прашања, упати прашање до министерот за здравство Арбен Таравари, во врска со бројните скандали во здравството и здравствениот систем кој е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите.
Поставувајќи го прашањето, Тренчевска му посочи на Таравари, дека поважни му биле бизнис интересите отколку вистинските инвестиции во интерес на граѓаните.
„Единствениот проект што го најавивте е најкриминалниот и скандалозен тендер за паркингот на клинички со компанијата Ѓока. Тоа е единствен проект кој го најавивте и ви пропадна по реакциите на јавноста“, рече Тренчевска.
Тренчевска го праша Таравари: Дали знаете што му се случува во здравството или, пак во овој период поважни му се калкулациите за локалните избори и решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството. Но, и дали чувствува одговорност за голготата што ја поминуваат пациентите заради нефункционалниот здравствен систем и дали ќе си поднесете оставка за сите скандали во здравството?.
„Речиси и да нема клиника која не се соочува со некаков проблем, дали е тоа терапија, опрема, персонал. Нема пациент кој не минува низ голгота кога му е потребна здравствена помош. Ќе потсетам на неколку хуманитарни скандали: Два пати за три месеци ја снемува биолошката терапија на Клиниката за онкологија за пациентите болни од канцер – тоа за нив живот значи.Не го исполнивте ветувањето дека никогаш повеќе овие пациенти нема да бидат оставени без терапија. И повторно слушаме некои изговори за административни процедури, за тендерски планови, празни ветувања дека утре, задутре ќе се решел проблемот. Прашуваме кога?“, рече Тренчевска.
Тренчевска потенцираше дека на овој начин Таравари се коцка со животот на онколошките пациенти и дека нивното здравје зависи од секоја доза, секој ден…
Понатаму, пациенти умираат поради немање сали и здравствен материјал. Случајот на Кардиохирургија, за кој и Државниот здравствен и санитарен инспекторат потврди дека има пропусти. Пациенти умираат поради нефункционалност на здравствениот систем. Да ве потсетам дека лани статистика за само шест месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Ова не се само бројки или статистики, ова се трагедии, на пред сè непочнати детски животи. Задоценти се сега и инспекциските контороли и казни, тие нема да го вратат загубениот човечки живот“, рече Тренчевска.
Сите овие примери, Тренчевска рече дека се доказ за незаинтересираноста и рамнодудшноста на целата Влада, кон сопствениот народ. Констатираше дека наместо реформи и подобри здравствени услуги, сведоци сме на тотален хаос, хуманитарни катастрофи – кои за жал станаа секојдневие.
„Наместо функционален и стабилен здравствен систем, столб на сигурност- нашиот здравствен систем е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите. За 10 месеци оваа Влада и министерот за здравство Таравари, го доведоа до степен на „тешко болен пациент, на кој му нема спас“. Секој сектор од здравството е метастазиран од неспособноста и негрижата на власта, а граѓаните со здравјето го плаќаат цехот. Наместо систем кој треба да се грижи за здравјето на граѓаните и да лекува, имаме систем кој го става во ризик животот на луѓето, систем кој убива„.