Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Треска на скршените коски“: Опасната зараза e „надвор од контрола“ во италијански град


Италијански научници алармираат на драстичниот пораст на случаите на денга треска во централниот регион Марке во земјата, откако невообичаено високите температури го поттикнале ширењето на вирусот.

Болеста, позната и како „треска на скршените коски“ поради сериозноста на болката и грчевите што ги доживуваат некои пациенти, се пренесува преку одредени видови комарци.

Вирусот секоја година предизвикува милиони инфекции и десетици илјади смртни случаи во Азија и Латинска Америка. Се шири и во јужна Европа, при што Италија досега забележала 500 случаи оваа година, според Националниот здравствен институт.

Кластерот на заразени во малиот град Фано нарасна на повеќе од 100 потврдени случаи од средината на август, од кои 35 побарале да бидат примени во болница, соопштија властите, додавајќи дека уште десетина сомнителни случаи чекаат потврда.

Големиот северен регион Ломбардија, околу Милано, лани имал најмногу случаи во земјата – помалку од 80.

Досега во Италија не се забележани смртни случаи оваа година, но лекарите се загрижени дека сликата е полоша отколку што изгледа, при што многу асимптоматски случаи не се пријавени.

„Ситуацијата е надвор од контрола, инфекциите се зголемени најмалку двојно (оние што се официјално пријавени). Да се ​​надеваме дека зимата ќе дојде наскоро“, објави на Фејсбук Роберто Буриони, вирусолог од миланскиот универзитет Сан Рафаеле.

Научниците сè уште се обидуваат да разберат зошто Фано, крајбрежен град со 60.000 жители на Јадранското Море, е толку погоден од вирусот.

„За среќа, областа за инфекција е многу мала, бидејќи комарците имаат ограничено движење од 200 метри“, вели Флавија Рикардо, истражувачки менаџер во Одделот за заразни болести на Националниот здравствен институт.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново