Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Третата вечер од Фестивалот „Џез, world и современа музика“ посветена на 80-годишнината од смртта на Рацин

Третата вечер од вториот по ред Фестивал „Џез, world и современа музика“ во Велес беше посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на македонската поезија и револуционер Коста Солев Рацин, со концерт на Dine Doneff: „Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи.Таа беше специјално создадена во чест на Рацин и затоа првиот дел беше изведен во Спомен костурницата од НОВ каде меѓу борците почива и Рацин.

Присутната публика овој несекојдневен музички настап го награди со долг и силен аплауз. Следните две етапи се изведоа се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес.

По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес настапија „Aspirin Moon” музичко дуо со слем поетри, кои беа пропратени со визуелен перформанс на театар “Сенки и Облаци.

Четвртата фестивалска вечер на 6 септември ќе биде резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков – Шамба во Europe House Велес

На 13 септември е Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Косто.

Организатор на фестивалот е Арт Генератор под покровителство на Општина Велес. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен