Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Три лица загинаа, а три се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса

Командата на силите за специјални операции на Украина денеска соопшти дека во синоќешниот напад со руски балистички ракети врз Одеса загинале три лица, а три се повредени.

Од друга страна, вооружените сили на Украина уништија два руски противвоздушни ракетни системи „бук“ во секторот Суми, се вели во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба „значително забрзување“ во испораката на оружје од партнерите за да и се овозможи на нејзината армија да се соочи со унапредувањето на руските сили на неколку фронтови.

„На Украина и треба значително забрзување во испораката на оружје за што поскоро да стигне до војниците на фронтот“, рече Зеленски.

Се огласи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој наложи „поголема и побрза испорака на оружје за специјалната воена операција во Украина“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен