Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Три лица загинаа од напад со нож на градскиот фестивал во Солинген

Три лица загинаа ноќеска откако маж нападна случајни минувачи на градскиот фестивал во германскиот град Солинген, објави весникот „Билд“. Сторителот побегнал од местото на злосторството.

Полицијата презеде голема акција за негово апсење. 

Како што пренесува „Солинген тагеблат“, еден од организаторите на фестивалот изјавил дека спасувачката служба се бори за животи на девет души.

Солинген викендов го слави својот 650 роденден со „Фестивалот на различностите“.

Најново