А) – Три лица загинаа, а петмина се повредени во руски напад врз украинската област Херсон, соопштија денеска локалните власти.
Според извештаите, во нападот на градот Берислав загинал еден велосипедист, додека во друг случај, загинале маж и жена.
Руските трупи го напуштија Херсон и западниот брег на реката Днепар на крајот на минатата година, но сега редовно ги гранатираат тие области од позициите на источниот брег.