За 48 часа три земјотреси го погодија Врање. Граѓаните се вознемирени, но засега нема информации за штети.
Последниот регистриран земјотрес беше синоќа во 20 часот и 46 минути, со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот беше почувствуван и во Северна Македонија во околината Куманово и кон границата со Србија.