Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тричковски: Не е точно дека ВМРО – ДПМНЕ нема план, има план, да ја нема Македонија

„Денес прочитав едно соопштение од СДСМ вели не е паметно да ја оставиме власта на ВМРО – ДПМНЕ затоа што ВМРО – ДПМНЕ нема никаков план. Не е точно, ВМРО – ДПМНЕ има план. Има план да ја нема Македонија. Тоа тие имаат план. Е сега тоа не го води тоа Мицко и таа екипа таму се разбира. Се знае кој тоа го води. Но, тоа е тоа. Мислам само напред и само храбро и со господ напред“, порача Бранко Тричковски на промоцијата на неговата нова книга „ВМРО, МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ“.

На промоцијата, една од промоторките професорката Емилија Целаковска вели дека неговите текстови не се само огледала на нашето колективно лице. Огледало кое ни го рефлектира одразот на доброто, лошото и грдото за тоа кои сме ние како нација.

„Тие текстови не се само повик за будење или да ги разбереме тешките ограничувања кои не уназадуваат како колективен организам. Туку живоста се очитува во намерата на Тричковски да ја дијагностицира општествената болест и да предложи третман и лекување. Без оглед што читателот не го конзумира лекот, колективното лечење настапува затоа што и читателот полека станува лечител,“ порачува  Целаковска

Зачлени се на нашиот е-билтен