Тринаесет претстави од земјава и странство ќе бидат изведени на 33.издание на МФКТ „Ристо Шишков“

Триесет и третото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 13 остварувања од земјава, Бугарија, Србија и Сардинија, Италија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски, информираше директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков.

И годинава единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра.

Во рамките на Фестивалот ќе се организираат и две промоции на книги, а Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 идниот месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

Фестивалот се одржува од 1992 година, а од 2005 година е меѓународен и е посветен на актерската игра. 

Зачлени се на нашиот е-билтен