Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трудо: Убиствата во Газа мора да престанат

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека „убиствата на жени, деца и бебиња“ во опколениот Појас Газа мора да престанат, упатувајќи најострите критики кон Израел од почетокот на војната против Хамас пред повеќе од еден месец.

Канада вели дека Израел има право да се брани од палестинската милитантна група, која минатиот месец го нападна јужниот дел на Израел, убивајќи 1.400 луѓе и зеде повеќе од 200 заложници. Но, како и САД и другите сојузници, Отава изрази зголемена загриженост поради зголемениот број на загинати во енклаватта, каде што локалните здравствени власти велат дека 11.000 луѓе загинале од почетокот на конфликтот.

„Ја повикувам владата на Израел да покаже максимална воздржаност. Светот гледа, на телевизија, на социјалните мрежи – ги слушаме сведочењата на лекарите, членови на семејства, преживеаните, децата кои ги загубија своите родители“, рече Трудо. „Светот е сведок на ова убиство на жени, деца, бебиња. Тоа мора да престане“, додаде тој на прес-конференција.

Вчера беше објавено дека животот на 36 бебиња во болницата Ал Шифа во Газа виси на конец. Медицинските власти рекоа дека нема јасен механизам за нивно преместување, и покрај напорите на Израел да обезбеди инкубатори за евакуација.

Три од вкупно 39 предвремено родени бебиња веќе починаа откако во најголемата болница во Газа остана без гориво за генераторите за струја во текот на викендот. Израел подоцна почна целна операција во болницата.

Зачлени се на нашиот е-билтен