Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Труење со бургери на Мекдоландс во САД, едно лице почина, десет се со сериозни симптоми

Акциите на Мекдоландс се во вртоглав пад и се на најниско ниво од март 2020 година, откако беше откриена бактеријата ешерихија коли во нивните бургери во неколку американски држави.

Едно лице почина, а над 50 се жалат дека се заразени од бактеријата.

Претседателот на Мекдоналдс за САД, Џо Ерлингер во средата изјави дека најголемиот синџир за брза храна во светот би можел да ја обнови довербата на јавноста бидејќи работи на ублажување на влијанието на труењето со храна низ нивните ресторани.

Претходните вакви труења со ешерихија коли во големите ресторани за брза храна доведуваа до неколкумесечни губења на профитите, бидејќи клиентите ги избегнуваат рестораните.

За време на телевизиско интервју, Ерлингер укажа на чекорите на компанијата со седиште во Чикаго за повлекување на бургерот Quarter Pounder од своето мени во областите каде што се појави труењето.

„Со оглед на неодамнешните настани во изминатите 24 часа, наш приоритет е да ја зајакнеме довербата на американските потрошувачи“, рече тој.

Според информациите затруени лица има во 10 држави, од кои десет лица се хоспитализирани поради сериозни компликации, соопшти американскиот Центар за контрола и заштита од болести. Тешко бубрежно нарушување познато како хемолитички уремичен синдром е пријавено кај едно дете.

ЦДЦ и Мекдоналдс рекоа дека внимателно го испитуваат синџирот на достава со цел да се открие вистинската причина за појавата на бактеријата.

Добавувачите на Мекдоналдс често ги тестираат нивните производи и во рамките на временскиот опсег обезбеден од ЦДЦ, ниту еден од нив не го идентификувал овој вид на бактерија.

Мекдоналдс во средата соопшти дека една петтина од нејзините 14.000 американски ресторани повеќе не продаваат Quarter Pounders. Тие беа повлечени од менито во погодените области, опфаќајќи ги Колорадо, Канзас, Јута, Вајоминг и делови од Ајдахо, Ајова, Мисури, Монтана, Небраска, Невада, Ново Мексико и Оклахома.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново