Туберкулозата во Зоолошката градина не била опасна за луѓе

атворена зоолошка градина / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
атворена зоолошка градина / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Зоолошката градина во Скопје ги смирува грижите на Скопјани по информациите за појава на животинска туберкулоза: станува збор за поединечни случаи под ветеринарен надзор, без опасност за јавноста.

Управата уверува дека ризикот од пренос на болеста од животни на луѓе е исклучително низок, бидејќи потребни се долг и директен контакт со заболено животно — сценарио што е исклучено за обичните посетители, кои се движат по одвоени патеки и без близок контакт со живеалиштата.

Паралелно, сите вработени што имаат непосреден контакт со животните се редовно тестирани, при што резултатите досега се негативни. Превентивно е изолиран и „Бејби ЗОО“, кој и онака се затвора за јавноста во студениот период, а во објектите се спроведуваат засилени санитарни и дезинфекциски мерки и континуирани ветеринарни прегледи.

Зачлени се на нашиот е-билтен