За една студија на Европската комисија биле анкетирани граѓани од цела Европа за да процени состојбата во условите за живот во градовите. Клучни фактори за кои биле поставувани прашањата биле домувањето, зелените површини и здравствената заштита. И додека повеќето Европејци изразиле големо задоволство од нивниот живот, некои многу популарни туристички дестинации се дом на некои од најнезадоволните жители, а меѓу нив се и нашите скопјани.
Еве што навеле жителите на поголемите европски градови како причини за незадоволство.
10. Подгорица, Црна Гора
Подгорица, главниот град на Црна Гора, е рангирана на 10-то место на листата на најнезадоволни жители во Европа. И покрај атрактивното крајбрежје кое привлекува многу туристи, главниот град нема исто ниво на интерес. Помалку од половина од граѓаните на Подгорица веруваат дека градот е отворен за ЛГБТ лицата, а 22 отсто изјавиле дека се чувствуваат многу осамено.
9. Мишколц, Унгарија
Во Мишколц, индустриски центар во североисточна Унгарија и четврти по големина град во земјата, има широко распространето незадоволство меѓу жителите. Нешто помалку од половина од граѓаните не се чувствуваат безбедно на улица во текот на ноќта, а само помалку од 25% од нив веруваат дека е лесно да се најде добра работа во градот. Дополнително, локалниот здравствен систем, според интервјуираните, не ги исполнил очекувањата на многу жители.
- Скопје, Северна Македонија
Скопје e на осмото место на листата на европските градови со најниско ниво на задоволство на граѓаните. Само 13 отсто од скопјани веруваат дека квалитетот на животот е подобрен во последните пет години, додека други се многу разочарани. Освен тоа, повеќето анкетирани изјавиле дека во овој град никому не можеш да веруваш.
7. Рим, Италија
Иако Рим е водечка туристичка дестинација во Европа, сепак е лошо рангиран во однос на задоволството на жителите. Само три отсто од оние кои живеат во италијанската престолнина веруваат дека квалитетот на нивниот живот е подобрен во последните пет години. Исто така, речиси половина од анкетираните велат дека овој град не е добар за живот на постарите лица.
6. Белград, Србија
Жителите на Белград, главниот град на Србија, се особено незадоволни. Само 38% од анкетираните сметаат дека можат да им веруваат на своите сограѓани. Дури 40% од нив не се задоволни од својата работа. Исто така, повеќе од половина од белграѓани не се задоволни од организацијата на јавниот превоз.
5. Неапол, Италија
И покрај големата популарност меѓу туристите, Неапол е вториот италијански град на листата на најнезадоволни жители. Само 66 отсто од неговите жители изјавиле дека се среќни што живеат во овој град. Освен тоа, 42 отсто од жителите сметаат дека Неапол не е соодветно место за млади семејства, а речиси половина веруваат дека градот воопшто не е безбеден ноќе.
4. Тирана, Албанија
Тирана, главниот град на Албанија, е рангиран како еден од најнеповолните градови во Европа за живеење, а само 66 отсто од жителите изјавиле дека се задоволни од нивните услови за живот. Речиси 60 отсто од жителите сметаат дека градот не нуди соодветни зелени површини.
3. Истанбул, Турција
Повеќе од 60 отсто од жителите на Истанбул не го сметаат градот за соодветно место за стари лица, а помалку од половина се чувствуваат безбедно откако ќе се стемни. Довербата меѓу жителите е ниска, а само 27 отсто веруваат дека можат да се потпрат на другите во градот. Покрај тоа, само на 10 отсто од луѓето им е лесно да обезбедат добро и достапно домување.
2. Атина, Грција
И покрај тоа што е една од подобрите туристички дестинации, Атина е лошо рангирана во однос на задоволството на жителите. Само нешто повеќе од 20 отсто од населението лесно може да најде добра работа во грчката престолнина. Речиси 60 отсто од граѓаните не се задоволни од јавните простори во градот, а големо незадоволство има и од загадениот воздух.
- Палермо, Сицилија
Палермо, главниот град на Сицилија, има најмалку задоволни граѓани во Европа. 38 отсто од неговите жители изјавиле дека не се задоволни од животот во градот, а само четири отсто веруваат дека имаат добра работа. Жителите сметаат и дека Палермо е претерано бучен, а само шест отсто од луѓето го оценуваат како чист. И покрај овие проблеми, овој приморски град е многу популарна дестинација за одмор.