Турски државјанин е уапсен на локалниот пат Гевгелија – граничен премин Богородица, откако полицијата при сообраќајна контрола запрела патничко возило „дачија“ со албански регистарски таблички и во него затекнала петмина мигранти. Настанот, според објавените информации, се случил синоќа околу 23 часот.
Станува збор за лице со иницијали Ф.С. (46) од Република Турција, а во возилото биле пронајдени четворица државјани на Авганистан и едно лице од Турција.
Осомничениот е приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот е најавено поднесување соодветна пријава.