Турски „ЕрТрактор“ се урна кај Сењ во Хрватска

Управата го примила извештајот за исчезнувањето на авионот од радарот од Хрватската контрола на летање во 16:53 часот, а во 17:11 часот бил примен извештајот за падот и пожарот

Турскиот авион „ЕрТрактор“ се урна денес во Хрватска во близина на Сењ, а телото на пилотот е пронајдено, објавија хрватските медиуми.

Управата за цивилна заштита, објави дека се урна „Ер Трактор АТ-802“ кој бил на кружен лет помеѓу Риека и Загреб.

Според веб-страницата за следење на летови Flightradar, авионот што се урна му припаѓа на Генералниот директорат за шумарство на Република Турција.

Хрватскиот воздухопловен технички центар (ЗТЦ) потврди дека два „ЕрТрактор“ оделе кон нив за да бидат офарбани и дека требало да пристигнат вчера. Поради маглата не успеале да стигнат до Загреб, туку слетале во Риека.

Според извештаите, денес тие одлучиле да го продолжат своето патување, додека пак хрватскиот воздухопловен технички центар го очекувале нивното пристигнување, кое не се случило.

Управата го примила извештајот за исчезнувањето на авионот од радарот од Хрватската контрола на летање во 16:53 часот, а во 17:11 часот бил примен извештајот за падот и пожарот.

Полицијата, пожарникарите и службите за итна медицинска помош веднаш излегле на терен.

Турскиот авион бил пронајден од пожарникарите на градот Сењ.

„По лоцирањето на авионот што се урна на локацијата Криви Пут, во областа на градот Сењ, пожарникарите го изгаснале авионот зафатен од пожарот и го обезбедиле местото“, соопшти Хрватското противпожарно здружение.

Министерството за одбрана на Хрватска потврди дека не станува збор за авионот или екипажот на хрватските воздухопловни сили.

„Поради големиот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека во случај на исчезнување на „Ер Трактор“ од радарот на подрачјето на Личко-Сењската жупанија, не станува збор за авионот или екипажот на хрватските воздухопловни сили, односно вооружените сили на Република Хрватска“, соопшти министерството.

Зачлени се на нашиот е-билтен