Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турскиот претседател Ердоган пристигна во дводневна посета на Катар

 – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска пристигна во дводневна официјална посета на главниот град на Катар, Доха, јавува Анадолија.

Ердоган на меѓународниот аеродром Хамад беше пречекан од вицепремиерот и министер за одбрана на Катар Калид бин Мохамед Ал Атијах, турскиот амбасадор во Доха Мехмет Мустафа Гокс и други официјални претставници.

Ердоган и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани ќе копретседаваат со деветтиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар.

На средбата ќе се разговара за сите аспекти на односите меѓу Турција и Катар, а ќе се разгледаат и средства за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји на различни полиња. Се очекува лидерите да разменат мислења за регионални и глобални прашања, вклучувајќи ги и нападите на Израел врз Газа и окупираните палестински територии.

Ердоган утре ќе присуствува и на 44-тиот самит на Советот за соработка во Заливот.

За време на посетата се очекува да бидат потпишани различни билатерални договори. 

Зачлени се на нашиот е-билтен