Туск ги повика граѓаните на Полска веднаш да го напуштат Иран

Полскиот премиер Доналд Туск ги повика полските граѓани веднаш да го напуштат Иран, предупредувајќи дека постои „многу, многу реална“ можност за избувнување на вооружен конфликт во наредните часови или денови.

Туск нагласи дека никој не треба да патува во Иран под сегашните околности, предупредувајќи дека ситуацијата би можела брзо да ескалира.

Под никакви околности никој не треба да патува во таа земја “, рече Туск, додавајќи дека конфликтот може да избувне „ во рок од неколку, десетина или неколку десетици часа “.

Тој, исто така, предупреди дека можноста за евакуација наскоро би можела да исчезне.

Ве молам сфатете го ова сериозно. Имавме лоши искуства во минатото со луѓе кои ги игнорираа таквите предупредувања. Затоа сакам уште еднаш да нагласам: веднаш напуштете го Иран или откажете ги планираните патувања. Доколку избувне отворен конфликт, никој нема да може да ви гарантира излез “, рече Туск на прес-конференција.

Зачлени се на нашиот е-билтен