Полскиот премиер Доналд Туск денес категорично повтори дека Полска нема да испраќа свои војници да помогнат во конфликтот со Иран, бидејќи тој конфликт не ја засега директно, а во рамките на НАТО има други задачи на источното крило и во Балтичкото Море, кои сојузниците, вклучувајќи ги и САД, многу добро ги знаат и разбираат.
„Полска нема да испраќа војници во Иран. Тој конфликт не е директно поврзан со нашата безбедност. Полска има други задачи во НАТО, а ова се однесува на копнените сили, воздухопловните сили и морнарицата. Она што моментално го имаме од морнарицата мора да се искористи за безбедноста на Балтичкото Море“, рече Туск пред денешната седница на кабинетот.
Полскиот премиер додаде дека сите полски сојузници, вклучувајќи ги и САД, добро го разбираат ова.
„Нема причина за загриженост, владата не планира никаква експедиција во правец на Иран и ова не предизвикува никаков предизвик од нашите сојузници“, рече Туск.
Претходно, претседателот на Полска Карол Навроцки изјави дека Полска нема да испрати војска на Блискиот Исток, бидејќи тоа не е нејзин конфликт и не треба да се меша во него, а шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, го повтори истото неколку пати.
Во врска со размислувањата во Европската Унија за евентуално ангажирање во заштитата на Ормутскиот теснец за премин на танкери во две мисии што ЕУ веќе ги има во регионот, против сомалиските пирати и заштитата на влезот во Црвеното Море, министерот Шикорски вчера во Брисел изјави дека Полска евентуално би можела да разгледа таков предлог бидејќи ги почитува своите сојузници.
Сепак, Шикорски во Брисел повтори дека Навроцки, како врховен командант, нема да препорача испраќање војници.