Уапсен гевгеличанец за измама: Лажел дека е полицаец и роднина на повреден од Кочани, барал пари за спрејови

На 31 март 2025 година, во 20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 46-годишниот Б.Т. од Гевгелија, откако претходно добиле пријава од 52-годишна жена дека била измамена за 3.000 денари.

Според пријавеното, Б.Т. се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било хоспитализирано во клиниката „Мајка Тереза“. Тој тврдел дека е сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба и побарал пари за да купи спрејови за својата роднина. Жената, верувајќи му, му дала пари. Меѓутоа, по некое време сфатила дека е измамена откако не го добила ветениот доказ – фискална сметка.

Министерството за внатрешни работи информира дека по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава против Б.Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен