Хрватската полиција во Трогир уапси 50-годишен маж осомничен за обид за труење на дете со отров за глувци во местото Арбанија.
Во средата, на 15 јануари, полицијата добила пријава од родителите на детето, чиј син бил контактиран од непознат маж во Арбанија, крајбрежно место на островот Чиово. Мажот му дал кеса на детето, тврдејќи дека содржи бонбони и го повикал да ги проба, пренесе агенцијата ХИНА.
Детето се посомневало во вистинитоста на тврдењето на мажот и не ги консумирало содржините од кесата, бидејќи забележало дека не станува збор за бонбони. По настанот, го известило своето семејство, се вели во соопштението на Сплитско-далматинската полиција.
Спроведената истрага утврдила дека во кесата имало средство за уништување штетни глодари, стои во официјалното соопштение, пренесува агенцијата Танјуг.