Полициски службеници од СВР Охрид вчера го уапсиле 41-годишниот З.Н. од Охрид, кој се сомничи дека предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива во атарот на селото Горно Лакочереј.
Според информациите од МВР, при полициски преглед кај осомничениот била пронајдена запалка, која е одземена како доказ во натамошната постапка.
По целосно документирање на случајот, против З.Н. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.