Уапсен трет осомничен за кражбата во Лувр

Третиот осомничен е уапсен во врска со кражбата што се случи во парискиот музеј Лувр, пренесува француската телевизија BFM. Уапсувањето е извршено во среда навечер во парискиот регион, а осомничениот е поврзан со присуство на местото на злосторството во моментот на кражбата, пренесува Ројтерс.

Да потсетиме, четворица маскирани крадци украдоа скапоцен накит од Галеријата Аполо во Лувр — каде се чуваат француските кралски драгуљи — за време на работното време наутро на 19 октомври. Овој инцидент откри сериозни пропусти во безбедноста на еден од најпосетуваните музеи во светот.

Зачлени се на нашиот е-билтен