Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсена Бетси Чавез, поранешна премиерка на Перу

Полицијата на Перу ја уапси поранешната премиерка Бетси Чавез поради наводна вмешаност во заговор против државата и приклучување кон поранешниот претседател Педро Кастиљо во „државниот удар“. Чавез беше премиерка на Перу само две недели, од 25 ноември до 7 декември 2022 година.

Чавес е во домашен притвор во јужниот град Такна повеќе од шест месеци откако Кастиљо е уапсен и затворен под обвинение за бунт. Таа негираше дека го прекршила законот.

Покрај Чавез под истрага за наводен заговор за бунт се и други поранешни министри од 17-месечната влада на Кастиљо. Обвинувањата произлегоа од најавата на Кастиљо минатиот декември дека ќе го распушти Конгресот и ќе владее со декрет, но беше соборен од перуанската опозиција во Конгресот, а потоа и уапсен од полицијата.

И Кастиљо останува во притвор и се соочува со тригодишна затворска казна.

Смената на Кастиљо предизвика повеќемесечни насилни протести во кои загинаа повеќе од 60 луѓе, главно од домородните групи.

Актуелната влада предводена од претседателката Дина Буларте негираше дека ја злоупотребила својата позиција за време на протестите, додавајќи дека ќе соработува со истражните органи.

Кривичниот совет на Врховниот суд на Перу издаде налог за апсење на Чавез, објави судот на Твитер, додека обвинителите побараа 18 месеци превентивен притвор.

Зачлени се на нашиот е-билтен