Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсениот за обид за убиство на Трамп имал регрутирал доброволци за Украина

Светските медиуми утрово известуваат дека Рајан Весли Рут, човекот што е уапсен за обид за атентат на Доналд Трамп, живеел во Северна Каролина. Рут имал повеќекратни судири со органите на прогонот и бил осуден во 2002 година за поседување оружје за масовно уништување.

Записите покажуваат дека Рут (58) живеел во Северна Каролина поголемиот дел од својот живот пред да се пресели во 2018 година во Каава, Хаваи, каде што тој и неговиот имале градежен бизнис.

Рут често објавувал на социјалните мрежи за војната во Украина и имал веб-страница каде што се обидувал да собере пари и да регрутира доброволци да одат во Киев за да се приклучат во борбата против руската инвазија.

Бил активен на платформата X каде што објавувал постови за Трамп.

Најново