Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Убиен Јахја Синвар, лидерот на Хамас

Јахја Синвар, лидерот на Хамас, кој беше организатор на нападот од 7 октомври минатата година, со што започна разорната војна во Газа, бил убиен денес од израелската војска на 61 година.

Неговото тело беше идентификувано по ДНК тестот во Израел, изјави израелски официјален претставник, а пренесе Вашингтон Пост.

Синвар се сметаше за клучниот планер на бруталниот напад на 7 октомври 2023 година, кога борците на Хамас ја пробија безбедносната ограда што ја оградува Газа, убивајќи околу 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заробеници.

Војската на Израел го опиша  Синвар како „мртов човек што оди“ и ги пребаруваше тунелите во Газа за да го пронајде во офанзива во која беа убиени десетици илјади луѓе и претвори делови од Газа во пустина. Повеќето од жртвите во израелските напади во Газа се верува дека биле цивили.

Израел понуди награда од 400.000 долари за информации за тоа каде се наоѓа Синвар. Но, повеќе од една година, тој успеваше да ја избегне потрагата дури и кога израелските сили ја зајакнаа контролата врз Газа и ги проширија нападите врз друг непријател, Хезболах во Либан, убивајќи го водачот на групата, Хасан Насрала.

Не е јасно какво влијание ќе има смртта на Синвар врз војната и иднината на Хамас, но израелските власти рекоа дека не можат да ги завршат своите напади додека Синвар не биде убиен или фатен.

Најмалку 28 Палестинци, вклучително и деца, беа убиени во израелскиот напад врз засолниште во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за здравство на Газа, додека Израел рече дека нападот бил насочен кон десетици милитанти на локацијата.

Израелската војска соопшти дека цел на нападот биле милитантите од Хамас и групите Исламски џихад, кои дејствувале од училиштето Абу Хусеин во Џабалија, кое служело како засолниште за раселените луѓе.

Хамас рече дека наводите дека има борци во училиштето се „ништо освен лаги“, додавајќи дека ова е „систематска политика на непријателот за да го оправда својот криминал“.

Израел ги известил американските воени претставници за потенцијалната смрт на лидерот на Хамас, Јахја Синвар и доставил фотографии од неговото мртво тело, изјави официјален претставник на американската одбрана за Ројтерс, кој сакал да остане анонимен.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново