Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор

Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда вчера бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата.

Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати.

Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје.

Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници.

Тоа се случи набргу откако озлогласен шеф на банда избега од затвор, предизвикувајќи национална вонредна состојба и ноќен полициски час.

Во Еквадор во последно време е регистриран пораст на насилството, вклучително и експлозии во некои градови, киднапирање на полицајци и земање затворски персонал како заложници.

Дваесет и две криминални банди се прогласени за терористички организации додека претседателот Даниел Нобоа се обидува да ги прекине немирите поврзани со трговијата со дрога.

Зачлени се на нашиот е-билтен