Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Училиште погодено од шрапнели по истреланите ракети од Газа кон Тел Авив

Училиште во Тел Авив денеска беше погодено од шрапнели во голем ракетен напад врз градот во централен Израел, објавија медиумите.

Училиштето соопшти дека учениците се безбедни и во засолништа.

Снимките објавени на интернет покажуваат делови од ракети и пресретнувачи расфрлани во областа на Тел Авив, вклучително и една поголема која паднала на патека во парк во Кирјат Он.

Пријавени се помали штети на неколку места, но израелските служби за итни случаи соопштија дека нема повредени.

Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, ја презеде одговорноста за ракетниот истрел врз Израел и потврди дека целта бил Тел Авив.

На север, либанската екстремистичка организација Хезболах ја презеде одговорноста за, како што рече, директните удари преку границата со Израел, откако противтенковски ракети беа истрелани врз цивили, при што беа ранети двајца.

Израелските медиуми јавуваат дека денеска од Газа биле истрелани околу 30 ракети, најмногу во изминатите неколку дена.

Во меѓувреме, Хамас повторно објави дека нема да се согласи да ослободи уште заложници, ниту да преговара за тоа, додека не заврши конфликтот.

Соопштението дојде во време на интензивни преговори за можниот договор за ослободување на заложниците во замена за Палестинците во израелските затвори.

Лидерите на Хамас веќе изјавија дека нема да прифатат привремено примирје.

Неименуван израелски функционер ја обвини исламската екстремистичка група дека се обидува да услови ослободувањето на заложниците со крај на војната и рече дека „тоа нема да се случи“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен