УЕФА одлучи – финалето на Лигата на шампионите во 2027 ќе се игра во Мадрид

Финалната средба од Лигата на шампионите во сезоната 2026/2027 ќе се одигра на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, домот на Атлетико Мадрид, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Натпреварот е закажан за сабота, 5 јуни 2027 година. Ова ќе биде вторпат најголемото европско клупско финале да се игра на „Метрополитано“ – првиот беше во 2019 година, кога Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:0.

Главниот град на Шпанија вкупно шест пати ќе биде домаќин на финалето во најпрестижното европско натпреварување. На легендарниот „Сантијаго Бернабеу“ финалните мечеви се одиграа во 1956, 1969, 1980 и 2010 година.

Следното финале, за сезоната 2025/2026, ќе се одигра на 30 мај 2026 година на „Пушкаш арената“ во Будимпешта.

Зачлени се на нашиот е-билтен