Укинати санкциите против сирискиот претседател Ахмед ал-Шарија, поранешен терорист на Ал Каеда

Советот за безбедност на ОН ги укина санкциите за сирискиот претседател Ал Шарија, кој треба да се сретене со американскиот претседател Доналд Трамп на 10 ноември.

Советот за безбедност на Обединетите нации денес ги укина санкциите против сирискиот претседател Ахмед ал-Шарија, кој треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделник, 10 ноември.

Според резолуцијата поднесена од Соединетите Американски Држави, санкциите се укинати и против сирискиот министер за внатрешни работи, Анас Хасан Хатаб, пренесува Ројтерс.

14 земји гласаа за укинување на санкциите, додека Кина се воздржа.

Со месеци, Вашингтон го повикува 15-члениот Совет за безбедност на ОН да ги ублажи санкциите кон Сирија.

По 13 години граѓанска војна, сирискиот претседател Башар ал-Асад беше соборен минатиот декември во офанзива на бунтовничките сили предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС).

Порано позната како Нусра Фронт, ХТС беше официјално крило на Ал-Каеда во Сирија сè додека не ги прекина врските во 2016 година, а од мај 2014 година, групата ХТС беше на списокот со санкции на Советот за безбедност на ОН против Ал-Каеда и Исламската држава.

Неколку членови на ХТС беа исто така под санкции на ОН, кои вклучуваа забрани за патување, замрзнување на средства и ембарга за оружје, вклучувајќи ги Ал Шара и Хатаб.

Зачлени се на нашиот е-билтен