На денешен ден, на 24 август во 1991 година, Собранието на Украина прогласи незвисност од Москва.
По тој повод, амбасадата на Република Украина во Скопје денеска со пригодна свеченост близу споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје, ќе го одбележи 24 Август – Денот на независноста на државата.
Како што соопштуваат од Амбасадата, предвидена е симболична поворка со знамето на Украина до Украинската алеја, по што ќе се обратат вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Северна Македонија и претставникот на Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“.
Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата со цртежи изработени од деца од регионот Никопол, кој беше цел на руската агресија.