Украина го нападна омиленото летувалиште на Путин

Рускиот југ мина без сон: 93 украински дронови беа соборени во текот на ноќта, а голем магацин за нафта во Сочи се запали по директен удар. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 60 од беспилотните летала биле пресретнати над Црното Море, додека остатокот паднал во граничните области Воронеж, Белгород, Брјанск, Курск, Нижни Новгород, Краснодар и Крим.

Сочи во пламен, летовите суспендирани

Во индустриската зона на Сочи пламна резервоар со капацитет од 2 000 m³, а повеќе од 120 пожарникари се бореа со огнот до раните утрински часови. Руската цивилна воздухопловна агенција „Росавијација“ ги прекина сите полетувања и слетувања на аеродромот во градот „за да се гарантира безбедноста“.

Сочи важи за омилено летувалиште на Рускиот претседател Владимир Путин, кој во Октимври минатата година со земја ја срамни својата омилена вила, токму поради стравот дека е во доменот на украинските проектили и беспилотни летала

Зачлени се на нашиот е-билтен