Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина го отпечати муралот на Бенкси на поштенска марка

Во знак на одбележување на првата годишнина од инвазијата на Украина, државната пошта на земјата издаде поштенска марка со репродукција на муралот на Бенкси на кој е прикажано момче кое победува возрасен маж во џудо.

Британскиот уличен уметник муралот го наслика на урнат ѕид во градот Бородинка, северозападно од Киев, каде што многу згради беа претворени во урнатини од руски авиони на почетокот на инвазијата.

Муралот на Бенкси е инспирифран од хобито на рускиот претседател Владимир Путин, носител на црн појас во џудо, и прикажува млад џудист кој ја претставува Украина како соборува возрасен маж.

Во долниот лев дел на новата поштенска марка е додадена фразата „FCK PTN“ на кирилица.

Жителите на главниот град се собраа да купат од новите поштенски марки во петокот од главната пошта во Киев.

Максим (26), беше воодушевен што го виде „првиот отпечаток на поштенска марка од едно од делата на Бенкси“.

„Тоа е многу кул гест за светот да ја разбере Украина, да останеме во центарот на вниманието“ рече тој.

Треба да знаете
Moже да ве интересира