Украина нападна термоцентрала и трафостаница во Русија

Украинската морнарица соопшти дека објектите во Орјолскиот регион и Новобрјанск биле цел на напад затоа што снабдувале со струја воени фабрики во Русија.

Украинската морнарица денеска соопшти дека нападнала термоцентрала во рускиот Орјолски регион и електрична трафостаница во Новобрјанск.

Во нападот биле употребени крстосувачки ракети Нептун.

Како што се наведува во соопштението двата објекти се нападнати оти со електрична енергија снабдувале воени фабрики во регионот.

Украина обично користи беспилотни летала за напади во Русија, но Киев, исто така, се стреми да изгради ракетни капацитети, потпирајќи се на оружје произведено во Украина, како што се ракетите Нептун.

Зачлени се на нашиот е-билтен