Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина поднесе обвинение против поглаварот на Руската православна црква

Украинските власти денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, објавија западните медиуми, повикувајќи се на АФП.

Највлијателниот духовен водач во Москва, поддржувач на Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“.

Службата за безбедност на Украина соопшти дека заедно со канцеларијата на јавниот обвинител „собрале докази против поглаварот на Руската православна црква, Владимир Гундјаев (познат како Кирил)“.

Се вели дека тој е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и … еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина во целосен обем“.

Тие го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“.

„Се преземаат сеопфатни мерки за сторителот да биде изведен пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението.

(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен