Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека потонал рускиот патролен брод „Сергеј Котов“, за кој утрово беше пријавено дека е уништен од дронови на украинската морнарица во близина на брегот на Крим.
Тврдењето неофицијално беше потврдено во Москва. Прорускиот воен блог „Беларуски силовик“ објави дека бродот е уништен. Со сличен коментар излезе и влијателниот блог „Рибар“, близок до руското Министерство за одбрана.
Минатата есен беше објавено дека од бродот претрпел значителна штета при напад со беспилотни летала.