Украинските сили уништија 10 од 17 беспилотни летала со кои Русија синоќа ја нападна Украина, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.
Покрај беспилотните летала „Шахед“ Русија лансираше и шест противвоздушни наведувани ракети С-300, кои гаѓаа цивилни цели во регионите Доњецк и Херсон, пренесува украинската агенција Униан.
Нападот ноќеска траел неколку часа, додава украин ската војска.
Од друга страна, руската противвоздушна одбрана синоќа уништи и пресретна повеќе од 40 украински беспилотни летала над Азовското Море и Крим, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Вечерва се уништени 22 беспилотни летала, а 13 од нив се пресретнати, додека утрово околу 6 часот по московско време воздухопловните сили собориле уште шест дронови, пренесува РИА Новости.
Сообраќајот на Кримскиот мост беше во прекин повеќе од четири часа. Од рускиот напад на Украина на 24 февруари минатата година, Русија речиси секојдневно соопштува за обиди за напади на украински беспилотни летала на пограничните области, Крим и Москва.