Украинците го бомбардираа регионот Белгород со дронови: детонациите одекнуваат, има мртви

Едно лице е убиено, а едно е повредено денес во рускиот регион Белгород во напади од украински дронови, објави началникот на тој регион, Вјачеслав Гладков.

Едно лице е убиено, а едно е повредено денес во рускиот регион Белгород во напади од украински дронови, објави началникот на тој регион, Вјачеслав Гладков.

Тој објави на „Телеграм“ дека нападите се случиле во селото Нечаевка и во селото Головчино во регионот Белгород, објави РИА Новости.

„Се случи најлошото: како резултат на детонацијата на дронот FPV, жената почина на лице место – изјави Гладков на „Телеграм“, објави „Известија“.

Една жена е убиена во Нечаевка, еден маж е ранет во селото Головчино. Тој одбил да биде хоспитализиран, а бил ранет во бутот и се здобил со изгореници на десната рака, откако со дрон бил бомбардиран автомобил на паркингот на една компанија, објавува „Известија“, додавајќи дека во детонацијата биле оштетени покривот на автомобилот и фасадата на зградата.

Зачлени се на нашиот е-билтен