Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинците тврдат дека припадниците на Вагнер се судриле со руската регуларна армија

Главниот штаб на украинските вооружени сили вчера во својот извештај соопшти дека конфликт меѓу војниците на руската армија и платеничката група Вагнер прераснал во престрелка.

Украинците наведуваат дека сè се случило во окупираниот град Станица Луганск во регионот на Доњецк.

-Двете страни (различните руски сили) се обидуваат да ја префрлат одговорноста за сопствените тактички погрешни проценки и загуби една на друга“, се вели во извештајот.

Тие додаваат дека во конфликтот имало жртви и од двете страни, пишува Киев Индипендент. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново