Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинската армија изврши комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз Крим

 Украинската армија денеска соопшти дека синоќа ја нападнале руската база за воздушна одбрана лоцирана на полуостровот Крим.

Стратешки важен објект за противвоздушна одбрана на западниот брег на Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, беше „успешно нападнат“, се наведува во соопштението.

Според медиумите руската база била погодена со од американски ракети АТАКМС, при што се повредени 17 војници и оштетени пет возила.

Москва официјално не ги потврди овие извештаи. Меѓутоа, гувернерот на пристанишниот град Севастопол, назначен од Москва, Михаил Развозаев денеска на Телеграм објави дека силите на Црноморската флота синоќа одбила напад со беспилотни летала.

Во меѓувреме руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека над Крим околу пладне биле пресретнати осум крстосувачки ракети „Шадоу стром“ (Shadow Storm).

Русија го користи Крим како база за снабдување за својата војна против Украина, која ја води повеќе од 20 месеци. Во изминатите недели Киев ги интензивира своите напади врз цели на Крим., вклучително военото бродоградилиште, неколку поморски бродови и базата на руската Црноморска флота, кои се сериозно оштетени.

Зачлени се на нашиот е-билтен