Украинскиот парламент денеска гласаше во првото читање на нацрт-законот за заострување на правилата за воена мобилизација, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на неколку пратеници.
Целта на законот е да му овозможи на раководството во Киев да регрутира повеќе луѓе во војната против Русија, бидејќи таа влегува во третата година, наведуваат изворите од пратеничките клупи.
„Ова не е конечна одлука. Ќе има второ читање и пред тоа ќе се направат и соодветни измени“, напиша пратеникот Олексеј Гончаренко на социјалната мрежа Телеграм.