Украински напади со дронови врз Москва, западна Русија и Крим

Украина синоќа започна серија напади со беспилотни летала насочени кон Москва, делови од западна Русија и анектираниот Крим, соопштија руските власти, додавајќи дека едно лице е повредено.

Руската воздушна одбрана уништи 27 украински дронови, вклучувајќи три над Московскиот регион, објави руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов изјави дека 21 украински дрон биле соборени над регионот во текот на денот и дека еден цивил е повреден во нападите, пренесува Хина.

Зачлени се на нашиот е-билтен