Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинскиот министер за внатрешни работи Монастирски загина во хеликоптерска несреќа

Украина

Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна покрај градинка во источното предградие на главниот град Кијив, јавува ББЦ. 

Министерот Денис Монастирски бил со уште осум други во хеликоптерот.

Неговиот прв заменик министер и државниот секретар, исто така, загинаа, соопштија официјални лица, кога хеликоптерот се урнал во предградието Бровари.

Шефот на националната полиција Игор Клименко на Фејсбук напиша дека хеликоптерот и припаѓа на украинската служба за вонредни состојби.

Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: Министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира  Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.

Најново