Украинскиот премиер Денис Шмигал го образложи текстот на два нови нацрт-закони кои имаат за цел да го олеснат регрутирањето на војници потребни на линијата на фронтот, јави ДПА.
Според новите воведени закони, старосната граница за регрутирање ќе биде намалена од 27 на 25 години, со што на вооружените сили на Украина ќе им се овозможи непосреден пристап до уште две возрасни групи, кои потенцијално броат повеќе од 400.000 млади мажи.
Дополнително, планирано е да се преиспитаат оние кои претходно биле квалификувани како неподобни за воена служба.
Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години кои подлежат на воена служба сега ќе мора да бидат регистрирани во воениот регистар и редовно да ги ажурираат своите информации.
Повиците за воен рок и за влез во армијата ќе може да се испраќаат и по електронски пат според адресата на пријавување, без разлика на вистинското место на живеење, а не само по пошта, како што е случај во моментов, што ќе направи можно е да се повикаат мажи во странство.
Вториот нацрт-закон предвидува построги санкции во случај да не се достават информации до воениот регистар на Украина. Игнорирањето на поканата ќе резултира со затворски казни наместо парични казни.
Непочитувањето на правилата за регистрација може да доведе до конфискација на автомобили, замрзнување на банкарски сметки и забрана за добивање заеми.
Украинците кои живеат во странство ќе можат да добијат нови лични документи од конзулатите само доколку се вклучени во воениот регистар.
Сè уште може да има промени во новите предлог-закони.