Украинските сили извршија ракетен напад врз Белгород, најмалку двајца загинати

 Најмалку две лица загинаа во рускиот град Белгород во ракетен напад на Украина, јавуваат денеска руските медиуми.

Во нападот е оштетен трговскиот центар, како и автомобили паркирани во близина.

Според Министерството за одбрана, Украина го нападнала регионот Белгород со ракети MLRS RM-70 Vampire.

Руската воздушна одбрана собори 14 гранати. Гранатирањето се случило околу 12:30 часот по московско време. 

Зачлени се на нашиот е-билтен