Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинските сили во Курск заробиле 102 руски војници

Во руската област Курск, единицата на украинската служба за безбедност заробила 102 руски војници, изјавил за Блумберг неименуван добро информиран извор.

Изворот наведува дека единицата на украинската безбедносна служба која оперира во областа Курск во средата заробила 102 руски војници во голем подземен комплекс, каде што имале доволно резерви на муниција.

-Руските власти веќе стапиле во контакт со Украина во врска со можна размена на затвореници, изјави во средата комесарот за човекови права на украинскиот парламент, Дмитро Лубинец.

Тој одби да даде детали, вклучително и вкупниот број руски војници кои биле заробени.

-Украина сега контролира 1.150 квадратни километри руска територија (во Курската област), вклучувајќи 82 села и градови, од почетокот на упадот пред 10 дена, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг вчера им изјави на новинарите дека САД сè уште се обидуваат да дознаат повеќе за целите на Украина во нејзината офанзива против Русија, откако американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин телефонски разговараше со украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров во средата.

-Првичните извештаи покажуваат дека некои руски единици се префрлени од Украина во регионот Курск за да помогнат во запирање на украинските упади, рече Синг.

Зеленски рече дека Украина поставила воено командно место во градот Суја во областа Курск, за кое Сирски посочи дека ќе служи за одржување на јавниот ред и за задоволување на основните потреби на локалното население.

На 6 август, вооружените сили на Украина започнаа напад врз областа Курск во Русија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен