Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинско МНР: Распишаната потерница за Зеленски е доказ за очајот на рускиот државен врв и пропаганда

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека распишаната потерница од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на рускиот државен врв и пропаганда“, пишува Украинска правда.

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското Министерство за внатрешни работи го покажуваат очајот на рускиот државен врв и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочуваат Украинците.

„Ги потсетуваме сите дека, спротивно на безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства, е реален и спроведлив во 123 земји“, наведува украинското МНР.

Русите не го прецизираат написот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, стои во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Криви Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена уште пред војната.

Г. Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен